На државата и требаат пари, ќе ја продава Македонска пошта

од desk3
182 прегледи

images
Државата ќе ја продава АД МАкедонска пошта. Министерството за транспорт и врски објави оглас на страницата за јавни набавки со кој бара консултантска куќа што ќе изработи студија со модел на приватизација на АД Македонска пошта. Проценетата вредност на договорот е 8.474.576 денари, или близу 140.000 евра.

POSTA

Крајниот рок за пријавување на понудувачите е 31 август, а јавното отворање на понудите ќе се одржи на 16 септември. Видот на договорот гласи: „Советодавни услуги за менаџментот и поврзани услуги (освен услуги за арбитража и посредување)“.
Инаку, за период од шест години државата која е акционер во Македонска пошта по втор пат избира консултант кој ќе изработи студија за приватизација на акционерското друштво.