На Ebay се појави за продажба досега непознат прототип на паметен телефон со Android од 2013
година. Уредот се нарекува Ion Mini и има Android 4.3 Jelly Bean. Според достапните информации, тој
беше дел од плановите на финската компанија да навлезе во екосистемот на Google ако бизнисот
со Windows Phone паметните телефони не се развие според очекувањата.

Ова е првиот ваков Nokia телефон што го гледаме реално. Android уредите од серијата Nokia X се
појавиле во 2014 година, но тие беа со сериозно „осакатена“ верзија на оперативниот систем, кој не
ги нудел основните услуги на Google, како што се пример пристапот до Play Storе.
Како хардвер Ion Mini, кој е базиран на дизајнот на Nokia N9, нуди чипсет Snapdragon 400, релативно
мал дисплеј со резолуција 480×800 пиксели и голем звучник под него, 8GB меморија и 1GB RAM.
Интересното е исто така, дека Nokia се одлучиле да го користат лаунчерот Z Launcher, но на крајот
станува збор за експериментален модел.