На еден Британец му се посреќи- доби 31 милион евра на лото

од desk4
69 прегледи

Откако освоил џек пот од 31 милион евра на европската лотарија -Еуромилионс, Британец решил да си го сокрие идентитетот и да остане анонимен со своите пари.

download (12)

Најкасно вечерва ќе му бидат префрлени парите на сметка, пренесува британскиот “Мирор”, а веќе од утре ќе може да си ги троши.

–  По девет победници од Велика Британија на „Euromilions“ во 2015 година, изгледа дека среќата за Британците продолжува и во 2016, соопштија од лотаријата.

Имено, минатиот месец, Дејвид и Керол Мартин од Шкотска освоија 42 милиони евра, што се запишаа како рекордери по однос на добивка.

Оваа награда, меѓутоа, е минимална во споредба со посакуваните 1,6 милијарди долари,  пари кои ги поделија  тројца добитници на американскиот „Пауербол“.