135
На земјите од Европската унија ќе им бидат потребни 195 милијарди евра во следните пет години за да се ослободат од енергетската зависност од Русија, пишува Фајненшл тајмс.
Ваков буџет е вклучен во проектот за забрзана енергетска транзиција подготвен од Европската комисија, нагласувајќи дека брзо отфрлање на руските енергетски ресурси е можно само преку преориентација кон чиста енергија, пренесе РИА Новости.
За да се постигне тоа, европските земји ќе треба да ја зголемат заштедата на енергија за 13 проценти до 2030 година наместо планираните девет проценти.