На Филипините 15 лица загинаа во пожар, пожарникарите доцнеле поради поплавите

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Во пожар во мала фабрика за облека на Филипините утринава загинаа 15 луѓе бидејќи пожарникарите не можеле навреме да стигнат до зградата поради поплавите во областа.

Покрај поплавите, пожарникарите доцнеле и поради метеж, а им била дадена и погрешна адреса, изјави Наум Тароза од Бирото за противпожарна заштита.

Пожарот во селото Таданг Сора во предградието на Кезон Сити бил изгаснат по два часа, а истрагата за причините за пожарот е во тек.

Се претпоставува дека повеќето од жртвите се работници во фабрика, кои спиеле во своите соби кога избувнал пожарот. Меѓу загинатите се и сопственикот на фабриката и неговото дете, изјави Тароза.

Три лица преживеале со повреди со кои се здобиле панично скокајќи од вториот кат на фабриката, додаде тој.

Во фабриката се чувале запаливи материјали и текстил кои се користат за изработка на облека.

Слични содржини