279
Од почетокот на годината на скопска Гинекологија се породиле околу 70 трудници кои биле позитивни на коронавирус, информираше денеска д-р Викторија Јовановска, директорка на клиниката.
Според неа, лани за цела година имале 142 трудници кои се породиле, а биле позитивни.
-Сепак клиничката слика со омикрон е многу полесна, но не смееме да се базираме на тоа дека пациентките имаат лесни симптоми, бидејќи има и пациентки кои завршуваат кобно и во другите земји и кај нас, констира д-р Јовановска, изјави таа во гостувањето на ТВ Сител.