Хуан Мартин дел Потро, аргентинскиот тенисер кој го елиминираше Новак Ѓоковиќ од Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро, му посака среќа на српскиот тенисер во Токио.
Дел Потро направи големо изненадување пред пет години и го победи Ѓоковиќ во првото коло на Олимписките игри.
Србинот во солзи го напушти теренот во Рио, а тој пораз го нарече еден од најтешките во целата своја кариера.
За жал, популарниот аргенцитец и голем пријател на Новак нема да може да учествува на Олимпијадата оваа година поради закрепнување од повредата, па ќе мора да ги гледа своите колеги преку телевизија.
Тоа нема да биде случај за Новак, кој во вторникот отпатува за Токио, поради што се огласи на социјалните мрежи.
По ова следеше одговорот на Дел Потро.
„Ќе те гледам! Овој пат имаш шанса и среќа, пријателе “, на шега коментирал 32-годишниот Дел Потро, некогаш трет тенисер на планетата.
Del Potro's is the kind of teasing I can get behind. #Tokyo2020 https://t.co/RWAGVM5q6o pic.twitter.com/MF2xOxcwon
— Ana Mitrić (@ana_mitric) July 20, 2021