На ГП Богородица за излез од државата се чека околу еден час

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини