На границата меѓу Србија и Унгарија чекаат 1400 мигранти

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) предупреди за зачестени насилство против мигрантите од страна на унгарските власти и посочи дека има влошување на ситуацијата на границата меѓу Унгарија и Србија, каде чекаат над 1.400 луѓе.

4947272

“Сериозно сме загрижени од новите рестриктивни мерки кои Унгарија ги воведе и кои доведуваат до гонење на лица кои бараат азил, како и од информациите за насилство и малтретирање”, се наведува во пораката. Со нов унгарски закон граничните контроли се зголемува до зона од 8 километри внатре во унгарската територија, а во исто време на полицијата и е дозволено да ги апси луѓето во оваа зона и да ги враќа од другата страна на границата кон некоја од транзитните зони, каде што можат да поднесат барања за азил. Во моментов само две такви транзитни зони функционираат помеѓу двете земји. Во секоја од нив во просек се дозволени само по 15 лица дневно. Од влегувањето на новиот закон во сила вкупно 664 лица биле вратени од другата страна на границата.