На граничниот премин Морина приведен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

241 прегледи

На граничниот премин, Морина, албанската полиција на албанско-косовската граница, приведе македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

Како што се соопштува во полицискиот извештај по М.А.(32) била распишана меѓународна потерница за кривично дело „рабојништво“.

„За време на обработката и верификацијата на податоците во системот, при влез на албанска терторија, М.А.(32) се покажа како меѓународно бараното лице од Интерпол Северна Македонија, откако Обвинителството на Кичево, Северна Македонија, издало меѓународна потерница за него, за кривично дело „разбојништво“, посочи полицијата.

По истражните дејствија, Секторот за истрага на криминал во Кукс издал налог за привремено апсење, а во соработка со Обвинителството на Кукс и Интрепол Тирана се преземаат со закон предвидените активности, по што М.А. ќе биде екстрадиран во македонската држава, врз основа на „Европската конвенција за екстрадиција“ од 1957.

Минатиот месец албанската полиција на истиот граничен премин со уапси македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти, за кривични дела-разбојништва.

Слични содржини