На хрватските избори во Македонија досега гласале 40 граѓани

од Nikola Popovski
22 прегледи

До 11:30 часот во странство гласале 5.101 гласач, покажуваат податоците на хрватската Државна изборна комисија за денешните претседателски избори.

Најголем дел од нив своето право на глас го искористиле во Босна и Херцеговина, 2939, а потоа во Германија каде гласале 1170 луѓе.

Во Србија гласале 233 гласачи, во Швајцарија 190, во Австрија 104 на две избирачки места, 67 во Црна Гора, 66 во Унгарија и 62 во Италија.

Во Франција гласале 46 гласачи, во Словенија 48, во Косово 42, а во Македонија 40 гласачи. Во Белгија на гласање излегле 32 лица, во Данска 27, во Холандија 17, во Шпанија 12 и шест од нив во Полска.

Како што информираат од Хрватска, на над 6 илјади и 500 избирачки места се гласа за осуммина кандидати. Доколку ниту еден од кандидатите не освои доволен број гласови, двајца од нив одат во втор круг кој ќе се одржи на 12-ти јануари.

Изборите ги следат околу 13 илјади 400 домашни и пет странски набљудувачи. Според последните анкети, актуелниот претседател Зоран Милановиќ е главен фаворит на изборите. Негов најсериозен опонент е Драган Приморац, кандидат поддржан од ХДЗ и коалициониот партнер на таа владејачка партија, движењето татковина. Следува независниот кандидат Марија Селак Распудиќ, поранешен функционер на мост.

Слични содржини