На Инфективна хоспитализирана 16-годишна девојка со тешка клиничка слика на Ковид-19

од Nikola Popovski
586 прегледи

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ денес информираше дека во установата има хоспилизирана малолетничка со тешка клиничка слика на Ковид-19.

-Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, рече Стевановиќ.

Денес Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника од ковид-19.

Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

Малолетната девојка била примена на Инфективната клиника во исклучително тешка здравствена состојба, 9 дена по појавата на првите симптоми на вирусот.

 

Слични содржини