На Инфективна новите пациенти се со средна возраст и посериозна клиничка слика

од Берта Китинска
360 прегледи

Се полнат капацитетите на Клиниката за инфективни болести, во функција ставена е и модуларната болница, информираше директорката д-р Милена Стевановиќ.

„ Не можам конкретно да кажам дали доминира делта сојот на ковид-19, тоа го испитуваат колегите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и од МАНУ. Нема разлика во лекувањето, без разлика на соевите. На Клиниката секако не се примаат пациенти кои не се за болничко лекување. Клиничката слика е посериозна од претходно и побрзо се развива кај одреден број пациенти. Сега се примаат повеќе пациенти со средна возраст, за разлика од порано кога доминираше понапредната возраст“, изјави д-р Стевановиќ.

Директорката посочи дека ова веројатно е единствената, уникатна епидемија во постоењето на човештвото.

„Секако дека очекуваме и зголемување на бројките затоа што активните случаи се далеку поголем број од она што може да се контролира полесно, односно да не се шири инфекцијата. Мерките ќе се менуваат во зависност од потребите. Она што е важно е тие мерки да се почитуваат“, порача Стевановиќ.

Слични содржини