На интернет се појавија неофицијални слики од iPhone 15

од Vladimir Zorba

Премиерата на новиот iPhone е поблиску од кога било, а на интернет почнаа да се шират првите слики од уредот. За најновите фотографии од неофицијалните 3D отпечатоци на iPhone 15 и iPhone 15 Pro е заслужен инсајдерот Sony Dickson, кој ги објави на Twitter.

Судејќи според она што имавме можност да го видиме, Apple ќе се држи до многу пригушени тонови оваа година. Иако обичниот iPhone 15 ќе доаѓа со некаква палета на суптилни тонови, линијата Pro, која ќе користи куќиште од титаниум, изгледа повеќе или помалку сиво.

Ве молиме имајте предвид дека ова не се вистински телефони, туку модели со 3Д печатење, што значи дека боите нема да бидат исти како на (лошо направените) фотографии, но тоа не придонесува за изборот на бои за моделите Pro, што ова година се сведени на сиво сина, темно сива, светло сива и бела.

Без разлика дали овие фотографии се автентични или не, едно е сигурно – конечните верзии на уредот ќе ги видиме на 12 септември кога Apple официјално ќе ги претстави на настанот Wonderlust.

Слични содржини