Целиот регион го потресе трагедијата што се случи вчераутро во близина на Славонски Брод, кога десет лица го загубија животот во превртување на автобус, а други 45 беа повредени.
До несреќата дошло околу 6.20 часот, откако возачот на автобусот „Дева Турс“, по сопствено признание, за момент заспал зад воланот.
Порталот sinjali.com потсети на уште една несреќа во која учествувал автобус на „Дева Турс“. Несреќата се случила точно 10 години пред вчерашната, на 25.07.2011 година. Автобусот, како што пишува порталот, излегол од коловозната лента и се судрил со автомобил во кој имало пет члена на едно семејство. Сите загинале.
Да потсетиме, автобусот во кој вчера настрадаа десет лица патувал од Франкфурт за Приштина. Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осумте жртви, додека постапката за утврдување на идентитетот на останатите две продолжува.