На ЈСП му фалат 100 автобуси, директорот бара нов возен ред

од Nikola Popovski
94 прегледи

Директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски денеска информираше дека на градското претпријатие му недостигаат 100 автобуси за да биде во полна кондицијата. За предлог-одлуката за изменување на Одлуката за линиски превоз на патници, тој појасни дека се кратат времињата меѓу едно и друго поаѓање по минута, две, три, но, не со цел за граѓаните да добијат полоша одлука туку затоа што во текот на сообраќајот на гужвите, тие автобуси што тргнуваат на 7,8 минути се сретнуваат еден со друг и не можат да стигнат на крајната станица.

-Едниот вози празен во гужвата, другиот вози полн и после го губи полуобртот. Тој автобус останува неискористен. Времето на тргање од една до крајна станица, пред 10 години кога е направена последната измена на линискиот возен ред, се стигнувало до Ново Лисиче до Дексион за 50 минути, а сега не е можно за еден час со автобус. Во одреден период за час и 10 минути. Се кратат автобуси, но, тоа е со цел за автобусот кој треба да стигне за 55 минути, сега стигнува за час и пет минути. Овој возен ред е со фактичката состојба, рече Кушовски на седницата на Советот на Град Скопје.

Вели дека не гледа каде е проблемот и незадоволството кај советниците од Градот Скопје.

Слични содржини