На југот на Русија, седум лица се заразиле со нов вид на птичји грип, прв случај во светот

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

Научниците од центарот „Вектор“ лабораториски го потврдија првиот случај на инфекција со нов вид на вирус на птичји грип А H5N8 кај луѓето, изјави директорката на Агенцијата за фитосанитарен надзор (Роспотребнадзор), Ана Попова. Ова е прв случај во светот.

Таа за ТВ „Русија 24“ изјави дека овој вирус е регистриран кај седум вработени во живинарска фарма на југот на Русија, каде што болеста е регистрирана кај живината на крајот на минатата година.

Сите мерки со цел да се заштитат луѓето и животните беа спроведени веднаш, со што се спречи ширењето на инфекцијата.

Според Попова, сите пациенти се во добра состојба. Вирусот засега не се пренесува од човек на човек, но, како што рече, може да го „научи“ тоа по мутација.

Тоа, како што рече, му дава време на целиот свет да се подготви за можни мутации и да реагира навремено – да подготви системи за тестирање, платформи за вакцини итн.

Слични содржини