На Јунајтед не му оди на „Олд Трафорд“, Солскјер ги обвинува црвените столици на трибините

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Не е тајна дека на Манчестер Јунајтед не му оди баш најдобро оваа сезона на домашен терен. Резултатите не се очекуваните, па навивачите со право се прашуваат зошто сè е така како што е.

Нивниот тренер, Оле Гунар Солскјер, се обиде да даде логично објаснување за сè, наведувајќи дека станува збор за тоа што Јунајтед од јуни игра пред празни трибини, но Норвежанецот отиде и чекор подалеку и вели дека проблем е што боите на столовите се исти како и боите на дресовите на неговиот тим, што ги збунува фудбалерите.

Патем, Јунајтед неодамна го смени долниот дел на трибините, поставувајќи црн панел за поддршка на кампањата против расизмот.

– Се обидовме да го смениме сето тоа заедно со таа кампања. Единствено што беше важно беше дека веќе не беше црвено, туку нешто друго – забележува Солскјер.

Инаку, Манчестер оваа сезона загуби четири првенствени натпревари на „Олд Трафорд“, па може да се каже дека тоа го чинеше малку повеќе во борбата за титулата со градскиот ривал во англиската Премиер лига.

Слични содржини