На „Камп Ноу“ подготвени со последната понуда за Левандовски

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Раководството на Барселона ја подготви својата конечна понуда за голгетерот на Баерн (Минхен) Роберт Левандовски. Според повеќето извори, понудата ќе биде за 40 милиони евра плус бонуси. На места се тврди дека овие додатоци изнесуваат 5 милиони евра, додека на други се зборува за 10 милиони. Сепак, овој предлог ќе биде последен што Каталонците ќе го испратат за Полјакот.

До неодамна се шпекулираше дека Баерн бара 50 милиони евра за 34-годишниот Левандовски, чиј договор со клубот истекува за една година. Денеска, пак, каталонските медиуми се шокирани од информацијата колку Баварците ја ценат својата ѕвезда. Според Мундо Депортиво, германскиот клуб цврсто бара 60 милиони евра за Лева плус бонуси.

„Спорт“ оди уште подалеку, кој тврди дека Баерн бара дури 75 милиони. Во Барселона сметаат дека ваквите тврдења се целосно лишени од пазарна логика, со оглед на тоа што напаѓачот летово ќе наполни 34 години, а неговата желба е да се приклучи на тимот на Чави Ернандез. Затоа Каталонците немаат намера да преговараат повеќе од размерите на нивната конечна понуда.

Шпанскиот клуб сака зделката да биде финализирана до 12 јули, кога започнуваат претсезонските подготовки на Баерн. Доколку дотогаш нема разбирање меѓу двете страни, тогаш Лева ќе мора да започне тренинзи со својот сегашен клуб.

Слични содржини