Барселона веќе работи на привлекување на нов голман, кој ќе го заземе местото на Јаспер
Силесен. Според „Radio Catalunya“ од клубот се поврзале со агентите на голманот на Ајакс, Андре
Онана. Камерунскиот репрезентативец не би чинел повеќе од 20 милиони евра, што на „Камп Ноу“
го прифаќаат како добра цена за класа резерва.

Силесен, кој своевремено исто така беше земен од Ајакс, ја тера третата сезона кај „лос кулес“, но е
втор избор по Марк-Андре Тер Штеген и одигра само во дуелите од Купот на Шпанија. Во Примера,
Холанѓанецот има само два натпревари за толку време. Речиси сигурно по завршувањето на
кампањата тој ќе биде продаден, бидејќи не сака повеќе да јагрее клупата и да го запира својот
развој.
Шпанските шампиони веруваат дека тој може да добие 60 милиони евра за него. 23-годишниот
Онана ја познава Барса, бидејќи пет години помина во школата на клубот. Во Ајакс тој е од 2015
година – прво во вториот тим, потоа во сениорскиот.