137
Врховниот суд на Шпанија планира да ги казни лидерите на каталонските сепаратисти на максимумални 15 години затвор за организирањето на неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.
Водачите ќе бидат осудени по обвиненија за бунт и злоупотреба на јавните средства, но не и за построги обвиненија за предавство, изјави денеска неименуван извор од судот, пренесува Танјуг.
Пресудата се очекува да биде објавена следната недела, најверојатно в понеделник.