На Католички универзитет во Рим организиран курс за егзорцизам, учество е 600 евра

од Nikola Popovski

Шестдневен семинар за сатанизам и егзорцизам започна денеска во католичкиот универзитет „Регина Апостолорум“ во Рим.

Околу 100 луѓе од 15 земји, меѓу кои и многу свештеници и лекари, но и психолози, се пријавиле на семинарот насловен „Егзорцизам и молитви“.

Учесниците на собирот ќе се занимаваат со антрополошките, социјалните, теолошките и медицинските аспекти на егзорцизмот.

За учество на семинарот се плаќаат 600 евра, а има и можност за онлајн следење на настанот, јави Танјуг.

Слични содржини