На кој начин брадите имаат здравствени придобивки за мажите

од Stefanija Kuzmanovska

Веќе неколку години, брадите се во мода, и тоа не било какви, туку добро негувани и внимателно уредени.

Постојат докази дека брадите се развиле токму за да им помогнат на мажите полесно да ја освојат партнерката, но освен таа улога, брадите имаат здравствени придобивки.

Природата на мажите им подарила моќен штит кој жените го немаат, односно брада. Ги штити мажите од изгореници, сонце, алергени и брчки. Но, само ако редовно ја чистат и негуваат. Брадата значително придонесува мажот да изгледа подоминантен и посериозен.

Првата предност на брадата е УВ-факторот. Истражувањата покажуваат дека брадата запира дури 95 отсто од штетното зрачење, во зависност од густината на влакната. За да го извлечат најдоброто од брадата, мажите треба да ја негуваат својата брада правилно, што може да го направат сами или да ја препуштат во рацете на фризер.

Влакната на брада имаат цврст и густ корен кој служи како одлична потпота за ткивото на кожата, што значи дека мажите имаат помалку брчки од жените. Брадата исто така ги штити од други надворешни влијанија, како што е студ или топлина, што исто така придонесува за помалку формирање на брчки. Младешкиот изглед е загарантиран и со фактот дека во лето секогаш имаат УВ заштита на нив, во форма на брада.

Ако брадата е густа, особено на вратот, таа грее и штити од ледените зраци, така што може да спречи болки во грлото и настинки. Мустаќите, од друга страна, штитат од алергии со тоа што блокираат влегување на алергени во носот, така што белите дробови се подобро заштитени од потенцијално опасни честички.

Слични содржини