На кој светски лидер луѓето најмногу му веруваат?

од desk2
177 прегледи

Истражувачкиот центар Пју, со седиште во Вашингтон, спроведе анкета меѓу луѓето во светот во која ги праша на кој светски лидер најмногу му веруваат.

Се покажа дека луѓето најмногу и веруваат на германската канцеларка Ангела Меркел, а повеќе доверба имаат во рускиот претседател Владимир Путин отколку во американскиот Доналд Трамп.

Во истражувањрто учествувале 26.112 испитаници од 25 земји.

Според резултатите од анкетата, 30 отсто испитаници веруваат дека Путин добро делува што се однесува на светските прашања, а 34 отсто од нив имаат доверба и во кинескиот лидер Си Џинпинг.

Дека Трамп спроведува добра политика сметаат 27 отсто од снкетираните, пренесе агенцијата Тасс.

Во германската канцеларка Ангела Меркел, според анкетата, луѓто имаат најмногу доверба (52 отсто). По неа со 46 отсто следи францускиот претседател Емануел Макрон.