На која возраст жените најмногу уживаат во сексот?

од Nikola Popovski

Жените на возраст од 36 години и постари имаат подобри и почести оргазми од помладите жени, според истражувањето спроведено од апликацијата за контрацепција „Natural Cycles“. Истражувањето се потпира на податоци собрани од повеќе од 2.600 жени кои одговориле на прашања за нивното сексуално задоволство, колку се чувствуваат привлечно и зачестеноста и квалитетот на оргазмите. Испитаничките биле групирани во три групи: 23 години и помлади, 23 до 36 и 36 и постари.

Иако можеби очекувате дека жените во раните дваесетти години најмногу ќе уживаат во сексот, резултатите го покажаа спротивното, така што жените од најмладата група имаа најмалку чести оргазми. Спротивно на тоа, повеќето жени во најстарата група доживуваат најредовни и најквалитетни оргазми.

„Многу жени во доцните 30-ти и 40-ти години од животот со кои разговарам знаат што ги возбудува и можат добро да комуницираат со своите партнери“, вели сексуалниот терапевт Иан Кернер.

За да ги објасни резултатите од истражувањето, Кернер вели дека треба да се земе предвид што се случува физички и психички со повеќето жени кога ќе наполнат триесет години.

Иако нивото на женските хормони е највисоко во средината на 20-тите години, објаснува тој, се чини дека најдобрите оргазми се случуваат кога жените се ментално позрели.

„Постарите жени, исто така, честопати се во долги врски или бракови каде се чувствуваат посакувани и сигурни“, вели Кернер.

„Како што стареат, жените стануваат посвесни за својата сексуалност и се повеќе во контакт со нивните тела“, додаде тој за „Health“.

Слични содржини