На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари, тврди Тренчевска

од Vladimir Zorba
287 прегледи

„Новата методологија со усвојувањето на измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување овозможува постојан раст на пензиите. Целта на оваа Влада е системско решавање на растот на пензиите, “ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Новата методологија на пензиите предвидува усогласување со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, два пати годишно, во март и во септември, согласно податоците за порастот на просечната плата од страна на Државниот Завод за статистика кои се објавуваат во март и во втората половина на август.

„Ако ја земеме просечна пензија која во моментот е 16.300, со новото усогласување во септември овие пензионери ќе имаат дополнително во својот буџет уште 900 денари. Дополнително на ова со исплата на пензиите за месеците март, април и мај, 330 илјади пензионери во државата ќе земаат дополнително по 1000 денари за да можат да ги купат основните прехранбени производи и за да можат да имаат повеќе буџет во своето семејство. Во периодот, декември 2021 до декември 2022 година, пензионер кој што зема просечна пензија ќе има дополнително 1500 денари зголемена пензија, а буџетот на крајот на годината, на секој пензионер којшто има просечна пензија ќе му биде зголемен за околу 12 илјади денари,“ подвлече Тренчевска.

Слични содржини