На Куман му се заканува суспензија од 12 натпревари за коментарите за судењето на „Ел Класико“

од Stefanija Kuzmanovska

Одделот за интегритет на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ги проследи коментарите на тренерот на Барселона, Роналд Куман до комитетот за натпреварување.

Ова се коментарите на холандскиот тренер кон ВАР технологијата и нејзината употреба по поразот од Барселона во „Ел Класико“ од Реал со резултат 1:3.

„Се надевам дека еден ден некој ќе ми објасни како работи ВАР во Шпанија. Веќе одигравме пет кола и ниедна одлука не оди во прилог на Барселона, сите тие беа против нас. Не добивме пенал за Меси против Севиља или два прекршоци против Гетафе од кои едниот, според мене, беше за црвен картон, и ова ни се случи денес. Тоа беше моето прашање до судијата на крајот од натпреварот. Зошто тие работат само против нас“, рече Куман.

Најконтроверзната одлука на судијата Хуан Мартинез Мунуера е онаа од 61. минута кога досуди пенал за Серхио Рамос по фаулот на стоперот на Барселона, Ленглет.

Доколку натпреварувачкиот комитет најде докази за отворање на случајот против Куман, тренерот на Барселона може да добие казна од четири до 12 натпревари и парична казна од 3.000 евра.

Тренерот и голманот на Реал Бетис, Мануел Пелегрини и Џоел Роблес и тренерот на Кадиз, Алваро Цервера, имаа слични коментари за судиските одлуки, но тие не беа казнети или дисциплински гонети.

Слични содржини