Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „ТВ21“ рече дека е убеден дека ќе има предвремени парламентарни избори, само прашање е дали ќе бидат заедно со локалните, или после локалните избори кога, како што кажа, ќе падне оваа власт.
„На локалните избори влегуваме апсолутни фаворити, за првпат гледам во големите урбани центри има големо незадоволство од власта, и од актуелните градоначалници. Не е испорачано ништо, и има опозиционо решение. Парлемантарни избори ќе има. Работата е дали Македонија два пати ќе троши пари. Прва опција е да прифати СДСМ да има заедно со локалните и перламентарни, или со пораз на власта на локалните избори ќе има предвремени парламентарни избори на почетокот на годината, и во тој случај два пати ќе се трошат пари“, рече Николоски.