На лондонски аеродром запленета пратка ураниум, се стравува дека била наменета за валкана бомба

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Пратка ураниум беше запленета на лондонскиот аеродром Хитроу, поради што полицијата за борба против тероризмот започна истрага поради стравувањата дека се планира да се користи за правење валкана бомба.

Неидентификуваниот материјал е откриен на 29 декември во патнички авион кој пристигнувал од Оман, пишува „Дејли Мејл“.

Пакетот бил по потекло од Пакистан и бил наменет за иранска компанија со седиште во Обединетото Кралство.

Ова веднаш ги зголеми стравувањата дека ураниумот бил наменет за употреба во валкана бомба, која е комбинација од експлозиви како динамит и радиоактивен прав.

Кога динамитот е активиран, тој може да распрсне радиоактивен материјал во околината.

Слични содржини