На медиумите им беше оневозможено да го следат процесот за “Диво насеље”

од desk3
104 прегледи

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

novinari-pred-sud-860x680

Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари.

Претходните две рочишта се одржаа во големата сала на Врховниот суд, но за денеска од судот соопштија дека не можат да ја отстапат салата поради реновирање.

Новинарите што беа пред Основниот суд Скопје 1, решија да не направат компромис и никој да не влезе во судницата. Во судницата влегоа само снимателите и фоторепортерите за да направат инсерти.

Македонија вклештена – се трпаат бегалци и од север и од југ !

На денешното рочиште исказ треба да дадат четворица сведоци на Обвинителството, според наши сознанија, жители на Диво Насеље.

 

МЕТА