На Меган ѝ било смешно да учи кралски манири, а еве што најмногу мразела

од Elena Daskalova
338 прегледи

Меган Маркл беше позната актерка пред да стане вереница, а потоа и сопруга на принцот Хари. Но, кога веќе беше јасно дека станува дел од кралското семејство, мораше да научи неколку важни лекции.

Секако, задолжителен дел од тие лекции биле кралските манири, особено кралската насмевка и мавтањето со рака. На Меган ѝ биле потребни неколку денови вежбање за да го совлада тој потег, а се чувствувала многу неудобно секогаш кога требало да го изведе во пракса.

Додека учела, не можела да престане да се смее, бидејќи сето тоа ѝ се чинело смешно, банално и непријатно. Слично било и со кралскиот дрес-код. Таа морала да се откаже од удобната облека и на сметка на тоа секогаш да биде целосно средена. Наводно, Меган сметала дека овој протокол е старомоден и сексистички.

Токму затоа и воопшто не беше чудно што веднаш по враќањето во Канада, таа беше фотографирана како носи удобна и кежуал облека.

Слични содржини