На Мијалков му застарува делото: Апелација го одложи рочиштето за „Титаник 2“

од Nikola Popovski
247 прегледи

Апелацискиот суд во Скопје денеска го одложи рочиштето за случајот „Титаник 2“ за 13-ти април, во кој обвинети се поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Сепак делото застарува на 7 април.

На седницата на која требаше да се разгледуваат жалбите, присутни беа само Мијалков и Бедредин Ибраими. На седницата не дојде Тачи.

Во повторениот процес, Мијалков беше осуден на 2 години затвор. Претходно, првиот процес со слична казна беше поништен од скопска Апелација и вратен на повторно судење во скопскиот Кривичен суд.

Според обвинението на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Мијалков преку Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Слични содржини