На момчето му рекле „ајде закачај се“ исто како кога глушецот го задева лавот – вели Мицкоски за изјавата на Георгиев дека е „северномакедонски“ премиер

од Nikola Popovski
151 прегледи

Запрашан дали ќе има реакција откако бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев го нарече „северномакедонски премиер“, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски смета дека не треба да му обрнува внимание.

-Тоа момче е пратено за да привлече мое внимание и мислам дека не треба да му дадеме можност. Оставете го тоа момче таму, тоа е Влада која што во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат и му рекле и му дале задача – „ајде сега закачај се“. Тоа е исто како кога глушецот го задева лавот, одговори Мицкоски.

Георгиев во интервју за „БТВ“ се пофали дека неговата држава станала фактор во Европската Унија и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски, тој го нарече „северномакедонски“ премиер.

„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни“, изјави Георгиев во интервју за „БТВ“.

Слични содржини