На мрежите се шири снимка од предавање на руски војник на Украинците кај Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
946 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео од наводно предавање на руски војник на украинската армија. Видеото го пренесе британски „Дејли мејл“ наведувајќи дека се работи за руски војник кој на крајот на март во близина на Бахмут им се предал на украинските сили. Тој медиум се повикува и на изјавите на Третата одделна јуришна бригада на Украина, дека биле фатени многу руски заробеници.

Веднаш на почетокот на видеото се гледа како руски војник ползи кон украински, кој му наредува да се движи побрзо. „Застани! Тргни го шлемот! Фрли го во оваа насока. Соблечи го оружјето, стави го зад себе, испразни ги џебовите“, наредува украинскиот војник.

Тогаш Русинот го симнува оружјето, ги крева рацете и ги става над главата, бидејќи така му е кажано. „На колена“, дојде дополнителна команда.

Војникот полека тргна кон украинскиот ров на колена, а потоа Украинецот му вели: „Не плаши се, никој нема да те повреди“.

Кога се приближил до крај, му наредиле да легне, да ги рашири рацете и да ползи. Штом го спуштиле во ровот, почнале да му го вадат појасот и да ги прегледаат неговите работи.

„Дејли мејл“ наведе дека видеото било објавено на 28 мај.

Слични содржини