На Надал му беше поставено провокативно прашање за Ѓоковиќ, тој одговори џентлменски

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Рафаел Надал даде ексклузивно интервју за бразилскиот магазин „Вежа“, во кое имаше и провокативно прашање за Новак Ѓоковиќ.

Новинарот го праша Надал како го коментира „несовесното однесување на Ѓоковиќ за време на пандемијата“, но за разлика од многумина, Надал даде џентлменски одговор.

– Повеќе сакам да зборувам за начинот на кој живеев во последните неколку месеци, отколку да им судам на другите за тоа што го прават. Беше многу тешко да се гледа сè што се случуваше на светот, особено околу мене. Поминавме низ ригорозен карантин, видовме илјадници мртви. Во периодот од април до јуни во Шпанија имаше повеќе од 50.000 смртни случаи.

– Немав сила да направам било што, бев загрижен само за ситуацијата. Верувам дека некои луѓе се чувствуваа можеби поопуштено, бидејќи нивните земји немаа толку агресивни епидемии на коронавирусот – рече Надал.

Слични содржини