На необјаснивото дебелеење може да влијае недостигот на овој витамин

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Ако препознаете некој од овие симптоми кај себе, веројатно вашето тело има недостаток на витамин Ц.

Витаминот Ц игра важна улога кога станува збор за имунитетот, кожата, коските и здравјето на кардиоваскуларниот систем. Најголемите фактори на ризик за недостаток на витамин Ц се лошата исхрана, алкохолизмот, анорексијата, пушењето и менталните болести.

Се случува некои поизразени симптоми да се појават дури по неколку месеци, па затоа е уште поважно да се внимава на помалите знаци.

Најчестите знаци на недостаток на витамин Ц се:
Груба кожа
Промена на обликот на косата (косата наеднаш станува невообичаено прекршена)
Црвени дамки на ноктите
Сува, оштетена кожа
Модринки
Бавно зараснување на раните
Болки во зглобовите
Слаби коски
Крварење на непцата
Губење на забите
Ослабен имунитет
Недостаток на железо
Слабост
Пад на расположението
Необјасниво дебелеење
Воспалителни заболувања

Доколку се сомневате во недостаток на витамин Ц, посетете лекар кој ќе ве упати на подетални анализи. Она што дефинитивно треба да го направите е дополнително да го зголемите внесот на витамин Ц преку исхраната.

Црните рибизли, црвените пиперки, лимоните, портокалите, јагодите, папаите, брокулите и магдоносот содржат најмногу витамин Ц.

Слични содржини