Привлекувањето квалитетен централен напаѓач ќе биде најголемата трансфер цел на Манчестер Јунајтед за следното лето, без разлика кој ќе биде новиот постојан менаџер на „црвените ѓаволи“.
На само три од 12 натпревари на тимот со Ралф Рангник, 20-кратните шампиони постигнаа два или повеќе гола, а ниската ефикасност во реализацијата на инаку големиот број создадени позиции покажува дека ова е една од најголемите слабости на тимот во моментов.
На тоа се додадени проблемите со Мејсон Гринвуд, кој можеби повеќе нема да игра за клубот, претстојното заминување на Единсон Кавани и неизвесноста за иднината на Кристијано Роналдо. На лето најверојатно ќе биде продаден и Антони Марсијал кој беше отстапен на Севиља.
Според „Сан“ на „Олд Трафорд“ имаат список од четири големи имиња, меѓу кои и да го најдат новиот голгетер. Тоа се Ерлинг Халанд за кого конкуренцијата е огромна, Хари Кејн кој минатото лето беше голема трансфер цел на Манчестер Сити, Доминик Калверт-Луин и Лаутаро Мартинез.