На „Олд Трафорд“ славеа 70.000 навивачи, но никој како ова дете

од Vladimir Zorba
497 прегледи

Ноќите на северозапад од Англија не се пријатни во длабока есен, но за малиот навивач на Манчестер Јунајтед тоа не беше важно.

Откако во живо беше сведок на пресвртот за историската победа на неговиот клуб во Лигата на шампионите, тој со ентузијазам ги соблече јакната и маицата.

Јунајтед губеше со 2-0 од Аталанта на „Олд Трафорд“ до 53. минута, но потоа го сврти резултатот на 3-2 за делириум на „Театарот за соништата“.

Детето кое беше со неговиот татко знаеше дека гледа натпревар на кој ќе се сеќава, но капитенот на Јунајтед и стрелец на еден од головите за епскиот триумф се погрижи тоа да стане незаборавно.

Хари Мегваер, кој пред две години стана најскапиот дефанзивец во историјата, откако беше донесен од Лестер за 80 милиони фунти, на голиот славеник му подари дрес.

Неговиот израз на лицето кажува се што мисли за ваквиот подарок.

Слични содржини