Со месеци се шпекулира за заминувањето на Мохамед Салах од Ливерпул. Се чини дека тие само чекаат крај на сезоната за навистина да се случи трансферот во друг клуб.
Бидејќи „црвените“ се многу близу до останување без Лигата на шампионите следната сезона, ова им отвора можност на многу sвезди на тимот да си ја бараат среќата на друго место.
Прв во низата е и најдобриот играч на тимот од „Енфилд“. Сепак, иако беше најавено дека Египќанецот може да ги засили Реал Мадрид, Барселона или Пари Сен Жермен, бомбастични вести доаѓаат од Германија. Новинарот на угледниот „Билд“, Кристијан Фолк, известува дека Салах е на списокот со желби на Томас Тухел во Челси!
„Сините“ „процветаа“ со германскиот стручњак, влегоа во финалето на ФА купот, Лигата на шампионите и се вратија во борбата за четвртото место на табелата. Сепак, големото прашање е дали Салах би сакал да се врати во клубот што практично го избрка.
Египќанецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Базел во 2014 година како голем талент за 16.000.000 евра, но тој не играше. Тој премина на позајмица во Фиорентина и Рома, кои го купија во 2016 година и го продадоа на Ливерпул за 42.000.000 евра 12 месеци подоцна.
„Црвените“ сега се надеваат на огромен профит.