На паркинг во Сан Антонио пронајдени осум тела

од desk2
97 прегледи

На паркинг во градот Сан Антонио во американската сојузна држава Тексас во приколка на трактор пронајдени се осум тела.

Властите се сомневаат дека станува збор за трговија со луѓе.

Шефот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус и командантот на пожарникарите Чарлс Худ изјавија дека во приколката пронајдени се и 28 повредени лица, од кои 20 се во тешка здравствена состојба.

Сите повредени се хоспитализирани во седум локални болници.

Доцна вечерта во саботата или во раните неделни утрински часови еден од оние во приколката се симнал и од вработен во „Волмарт“, маркетот на чиј паркинг биле оставени, побарал вода. Вработениот му дал вода и веднаш потоа повикал полиција.

Биле прегледани и снимките од маркетот, каде се гледа како цел ден доаѓаат различни возила и земаат дел од луѓето во приколата.