321
МВР информира дека на 30.07.2021 околу 19.30 часот на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје.
-При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале лицата, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопштија од полицијата.