На патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица останува забраната за камиони

од Vladimir Zorba
245 прегледи

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.

Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец.

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Фото: Маврово / Mavrovo

Слични содржини