На пазари во Скопје и Тетово запленети пиротехника и режан тутун кои нелегално се продавале

од Radmila Tasevska
255 прегледи

На Бит Пазар во Скопје повеќе физички лица на импровизирани тезги вршеле недозволена продажба на режан тутун, на Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, а голема количина режан тутун и цигари се одземени и од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје.

Како што информираа од МВР, денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со царински службеници од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спровеле мерки и активности за сузбивање на криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.

– При контролата на Бит Пазар во Скопје констатирано е дека повеќе физички лица на импровизирани тезги вршат недозволена продажба на режан тутун, а со тоа избегнуваат плаќање акциза, како и поголема количина на пиротехнички средства, кои се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и глоби од пазарните инспектори, соопштија од МВР.

Од МВР најавија дека ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Слични содржини