На почетокот на февруари ќе пристигне финансиската поддршка од ЕУ за енергетската криза од 80 милиони евра

од Nikola Popovski
282 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел оствари билатерален состанок со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон.

На средбата присуствуваше и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили и амбасадорот македонската мисија во ЕУ, Зулфи Исмаили.

Главна тема на состанокот беше поддршката која што Европската Унија и ја дава на Северна Македонија за справување со енергетската криза, како и мерките кои ги превзема нашата земја во делот на безбедноста на снабдување со енергенси како и зголемувањето на независноста од рускииот гас.

Министерот Бектеши се заблагодари на Европската унија за финасиската поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза кои се обезбедени на Северна Македоија.

Првата транша од 72 милиони евра или 90% од финансиската поддршка се очекува да биде исплатена најдоцна во првата недела од февруари, а како што информираше министерот Бектеши овие пари се наменети за мерки за поддршка на домаќинствата и малите потрошувачи за справување со енергетската криза.

Дел од мерките кои се предвидени со овие средства како што кажа министерот Бектеши се наменети за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Министерот Бектеши ја информираше еврокомесарката дека од почетокот на годината по потпишување на договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија за зголемување на количините на гасоводот помеѓу двете земји се отвори можност земјата да се снабдува со гас од повеќе извори со што се намали зависноста од рускиот гас.

Во таа насока, како што кажа Бектеши годинава ќе започне изградбата на Интерконекторот за гас со Грција со што целосно ќе се овозможи диверзификација за снабдувањето со гас на земјата од повеќе извори.

Министерот информираше дека забрзано се реализираат инвестиции во обновливи извори на енергија, пред се фотонапонски централи. За разлика во минатото кога во земјата имаше изградено фотонапонски централи си вкупен инсталиран капацитет од капацитет од 17 мегавати, а сега само во последните 6 години се изградени или во завршна фаза на изградба се фотонапонски централи со вкупна инсталирана моќност 250 мегавати

Министерот исто така кажа дека со цел справување со енергетската криза Владата на Северна Македонија  беше меѓу првите земји во регионот кои презедоа мерки за заштита на граѓаните.

Со со цел да го зголеми домашното производство, а со тоа и граѓаните и компаниите кои се снабдуваат од регулиран пазар да добијат пониска цена, во текот на 2021 година од беа исплатени 86 милиони евра,додека  во текот на 2022 година 203 милиони евра, односно вкупно 289 милиони евра во двете години.  Дополнително на ова за да се заштитата граѓаните и стопанството од оваа криза, беа донесени два пакета антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра.

За 2023 година во буџетот во посебна програма предвидени за справување со енергетска криза и за мерки за поддршка вкупно се предвидени 225 милиони евра

Слични содржини