На поранешниот албански премиер Бериша му е забранет влез во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Поранешниот албански премиер Саљи Бериша објави дека Велика Британија го прогласила за персона нон грата и му забранила влез во земјата.

Бериша оцени дека се што се наведува против него и како причина за таа одлука е клевета и манипулација.

„Таква одлука е донесена поради, како што наведуваат во британската влада, поврзаност со организирани криминални групи и криминалци кои претставувале ризик за јавната безбедност во Албанија и Велика Британија“, рече Бериша, кој тврди дека тоа е клевета и најавува дека ќе се консултира со правни експерти и ќе ги преземе потребните чекори.

Слични содржини