На прагот сме на историски трансфер во Премиер лигата: Ливерпул продава играч на Евертон

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Ако може да се верува на угледниот Скај Спортс, Евертон би можел да донесе играч на Ливерпул ова лето за прв пат во историјата на Премиер лигата.

Станува збор за талентираниот крилен играч Бен Доак (19). Откако е формирана Премиер лигата во 1992 година, Евертон никогаш не донел ниту еден играч од Ливерпул.

Доaк блесна минатата сезона во дресот на Мидлсбро како позајмен играч, а сега се зборува за негов можен трансфер во Евертон, кои сакаат да го доведат со сите сили.

19-годишникот импресионираше како позајмен играч во Мидлсбро минатата сезона, а во јануари Ипсвич и Кристал Палас се обидоа да го доведат. Сепак, Ливерпул ги одби сите.

Ако трансферот се реализира, тој ќе влезе во историјата на Премиер лигата бидејќи Доак ќе стане првиот човек што ќе се пресели од Ливерпул во Евертон откако лигата е формирана во 1992 година во нејзиниот сегашен формат.

Пред Премиер лигата, последниот играч што се пресели од Ливерпул во Евертон беше Гари Аблет во трансфер за 800.000 евра. Ова беше непосредно пред формирањето на Премиер лигата во 1992 година. Од друга страна, последниот играч што се пресели директно од Евертон во Ливерпул беше Абел Ксавиер во јануари 2002 година.

Слични содржини