На пратениците во ЕП им била поделена вода, на некои им се слошило

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска беа предупредени да не пијат вода од шишињата кои се делат, откако на некои луѓе им се слошило и постои сомневање за контаминација.

„Од вас се бара да не пиете од шишиња со вода во просториите на ЕП во Стразбур“, се вели во итна СМС порака испратена до илјадници политичари и вработени.

СМС содржи и контакт број за итна медицинска помош „во случај на изложеност“ и се наведува дека шишињата биле дистрибуирани и во канцелариите на претседателката Роберта Мецола. Прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека надлежните се информирани за се.

„Во тек се проверки“, напишаа од прес-службата. „Пораката е испратена како мерка на претпазливост“, додаваат оттаму.

Официјален претставник на ЕУ рече дека на неколку луѓе им се слошило, но се опоравиле откако се напиле од флашираната вода, пренесува „Политико“.

Зградата во Стразбур долго време има проблеми со безбедноста на водата за пиење, но најчесто тоа е водата од чешмите.

Слични содржини