На промоцијата на Чави дојдоа 25.000 навивачи на Барса (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Барселона официјално го претстави новиот тренер Чави Ернандез!

Еден од најдобрите и најтрофејните играчи се врати на „Ноу Камп“ како тренер во желба да ги повтори успесите што ги забележа носејќи го дресот на славниот клуб од 1997 до 2015 година.

Чави го наследи Роналд Куман како тренер на Барселона, кој доби отказ по серијата лоши резултати.

Чави ја заврши играчката кариера во мај 2019 година во дресот на Ал Сад, по што стана тренер на катарскиот клуб со кој по две години го раскина договорот и сега ја презеде Барселона.

Тој потпиша договор со „Блауграна“ до 2024 година.

– Многу брзо се вратив овде, животот ми се промени за три дена. Претседателот ми се јави и ми рече дека сум „избран“. Решивме се околу моето доаѓање, очекувањата се големи и веднаш ќе се бараат резултати. Целта е да ја вратиме Барселона на вистинскиот пат, да победуваме и да уживаме. Се надевам дека ќе донесам трофеи овде, изјави Чави.

– Важно ми е што знам се во соблекувалната, со мене играа Бускетс, Алба, Тер Штеген и Пике. Ќе биде тешко, но јас сакам предизвици. Знам дека ќе биде тешко, но јас сум подготвен. Целта е да уживам и добро да се забавувам. Благодарност до навивачите за поддршката.

Чави беше пречекан со аплауз од навивачите на стадионот кои броеја 25.000. Навивачите вееја знамиња и го скандираа името на живата легенда на клубот, а Чави ја пееше клупската химна со претседателот Жоан Лапорта и ги покани навивачите да бидат со него и играчите во овие тешки моменти.

Да потсетиме, Чави во дресот на каталонскиот великан за 17 години играње во првиот тим собра 767 настапи и постигна 85 гола, освои дури 25 трофеи, од кои четири ЛШ и осум титули на Шпанија.

Слични содржини