На протестите во Мјанмар животот го загуби уште еден демонстрант

од Stefanija Kuzmanovska

Еден демонстрант беше убиен, а неколкумина се тешко повредени во денешната полициска интервенција во Мјанмар, пренесоа светските медиуми, наведувајќи дека конфликтот меѓу припадниците на безбедносните сили и демонстрантите траел неколку часа.

„Ројтерс“ пренесува дека лекар за веб-страницата Иравади Њуз изјавил дека неколку лица од протестот се пожалиле на тегоби предизвикани од солзавецот и дека едно лице е рането за време на полициската интервенција.

Полицијата во градот Манделаја во Мјанмар денес отвори оган и употреби солзавец за да ги разбие протестите против пучот, но сè уште не е познато дали била користена борбена муниција или гумени куршуми, пренесува „Ројтерс“.

Девојката која минатата недела беше застрелана од полицијата во Мјанмар, почина вчера, рече нејзиниот брат.

Протестите поради државниот удар во Мјанмар не се смируваат, демонстрантите излегоа на улиците денес во многу градови, а меѓу нив има и припадници на етнички малцинства, писатели, поети и работници кои се обединети во барањето за крај на военото владеење и ослободување на претседателката на најголемата партија и добитник на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи и другите цивилни лидери од притвор, соопшти агенцијата.

Слични содржини