295
Поранешниот претседател на Општината Даниловград во Црна Гора, Милодраг Кадиќ е приведен за време на граѓанските протести и блокади кои се случуваат низ целата држава откако беше усвоен Законот за слободна вероисповест.

Фото: Твитер
Како што пренесува црногорскиот портал „Актуелно“, Кадиќ е идентификуван како организатор на јавниот собир каде што тој протестирал.
По кратка блокада на кружен тек во Спуж, каде и бил приведен екс претсдателот на Општина Даниловград во моментов сообраќајот се одвива нормално.
Кадиќ бил претседател на Општината од 1993 до 2002 година.